Зендаја жртва на Фотошоп: Зошто ми ги криете облините?
- Детали
- четврток, 22 октомври 2015
Зендаја е девојката која ќе се најде на насловната страна на списанието Modeliste за месец ноември. Како дел од насловната приказна, таа направила кратко интервју и фотосесија, за веднаш потоа да објави една од фотографиите на својот Инстаграм профил.
На нејзино големо разочарување, кога првпат ги погледнала фотографиите од фотосесијата, забележала дека сите фотографии се фотошопирани, а нејзиниот изглед целосно променет, па одлучила своето незадоволство да го покаже на Инстаграм.
Заедно со објавената фотографија изјавила: „Денес се фотографирав и кога ги погледнав фотографиите кои беа објавени бев прилично шокирана од фактот што моите колкови и струк беа фотошопирани. Токму поради овие работи жените се несигурни и креираат нереални идеали за убавина. Сите кои ме познаваат, знаат дека јас сум за искреност и љубов, па затоа решив да ја објавам и реалната фотографија“.
По оваа рекација, во списанието Modeliste ќе бидат објавени нејзините реални фотографии.