„Непријатно за гледање“ – Дејвид Бекам мета на критики заради фотките со ќерката Харпер (12)
- Детали
- четврток, 06 јуни 2024
Дали таткото треба да престане да ја прегрнува ќерката кога таа ќе стане тинејџерка? Дејвид Бекам за некои е пример за посветен татко, а други пак тврдат дека неговото однесување со 12-годишната Харпер е непристојно.
Со години наназад Дејвид Бекам е мета на критики затоа што редовно објавува фотки на кои се гледа како ја бакнува во уста својата ќерка Харпер, а како што расте девојчето, многумина сметаат дека е време тој конечно да го промени однесувањето.
Во саботата, Дејвид го следеше натпреварот на својот клуб Inter Miami, а заедно со него на трибините беше и неговата ќерка Харпер (12).
Фотките на кои тој за време на целиот меч ја прегрнува својата миленичка се топ тема на социјалните мрежи.
Тој сподели неколку фотки на Инстаграм, а како што рече, иако е разочаран што неговите играчи не успеале да обезбедат победа, сепак е пресреќен што до него била неговата малечка Харпер.
Според многумина, Дејвид е вистински пример за тоа како татковците треба да се однесуваат со ќерките, но на други не им се допаѓа нивната близина.
Иако овојпат не беше уловен како ја бакнува во уста, за некои твитерџии ваквите прегратки се непристојни и според нив време е фудбалскиот ветеран да почне малку повеќе да внимава на однесувањето, имајќи предвид дека неговата ќерка веќе е тинејџерка.
„Дејвид Бекам нежно ја прегрнува Харпер. Ова е непријатно за гледање“ – стои во еден од твитовите.
Inter Miami’s co-owner David Beckham shares a moment with his daughter, Harper, during the Major League Soccer regular season football match.
— Ruby (@NoiseRuby) June 3, 2024
Photo: Chris Arjoon.
This photograph makes me as uncomfortable as Harper looks. pic.twitter.com/pjo1XpzAKJ
Погледнете повеќе фотографии од настанот во продолжение и проценете сами, дали ова однесување е сосема нормално, или непристојно:
Б. С. Б. | Црнобело