Само таа може да ја сфати - Џеј Ло очајно бара помош од Џенифер Гарнер за да си го спаси бракот
- Детали
- среда, 22 мај 2024
Бракот на Бен Афлек и Џеј Ло наводно е во криза заради документарниот филм што таа му го посвети нему. Пејачката стравува дека тој ќе се врати на пороците и не може да го контролира, па сега бара помош од неговата поранешна сопруга – Џенифер Гарнер.
Во последните неколку дена, топ тема во сите светски медиуми се гласините за развод меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез, откако парот повеќе од еден месец не се појавил заедно на настани.
Според некои извори, тие се разделиле и не живеат заедно.
Нивната љубовна приказна во последните две години привлекуваше огромно внимание, откако парот одлучи по 17 години да ѝ даде втора шанса на љубовта и овој пат застанаа и пред олтар. Но, се чини дека среќата кратко траеше.