Само Џеј Ло може да „издоминира“ со неуредна пунџа и разлетани бебешки влакна на моден настан (фото)
- Детали
- среда, 08 мај 2024
Од Џеј Ло веројатно никој не очекува фризура со неуредна пунџа и разлетани бебешки влакна – но сепак таа издоминира на Мет гала со коса како што останатите девојки си ја носат по дома.
На 6-ти мај се одржа овогодишното издание на Мет гала, каде познатите личности зачекорија на зелено-белиот тепих во спектакуларни креации, инспирирани од темата „Градина на времето“.
Џенифер Лопез секогаш изгледа беспрекорно на овој настан и досега има експериментирано многу со стајлингот и фризурата, но оваа година направи храбар потег.
На настанот, поп дивата се појави во блескав, проѕирен фустан со кристали, кој ја истакнува нејзината совршена линија на телото, но фризурата е она што изненади многумина.
Таа носеше „растурена“ пунџа, а бебешките влакна ѝ беа разлетани на сите страни и секако – никој не ја обвини за тоа, напротив, беше ѕвезда на вечерта.
Па за следниот настан, доколку се грижите за вашите бебешки влакна, научете ја лекцијата од Џеј Ло – оставете ги така и чекорете гордо.
Погледнете повеќе фотографии од Џеј Ло на Мет гала 2024:
М. М. | Црнобело