Ретроспектива од сите секси маски на Ким Кардашијан за Halloween (фото)
- Детали
- среда, 21 октомври 2015
Не е никаква тајна дека Ким Кардашијан сериозно го сфаќа маскирањето и секоја година инвестира време и пари во нејзините костими за Ноќта на вештерките.
Таа не само што не пропушта ниту една година да се маскира, туку најчесто има и повеќе од еден костим.
Една година таа се одлучи да изгледа како скелет и на себе облече тесно боди со долги ракави и ногавици на кое беше насликан скелет. Секако и нејзиното лице беше целото обоено да изгледа како костурска глава.
Истата година ја вклучила и својата ќерка, па еден од нивните заеднички маски е Ким како Ана Винтур од Вог, а Норт како Андре Лион Тајли нејзиниот најдобар другар.
Меѓу другите костими за маскирање можат да се сретнат: Отровната Ајви, Сирена, Жена-мачка, пират, Црвенкапа...