Миранда Кер се појави во бела венчаница за време на модната недела во Милано
- Детали
- петок, 25 септември 2015
Поранешниот Victoria’s Secret модел се чини дека по секоја цена се обидува да го привлече вниманието. Но, најновиот обид и беше малку чуден.
За време на модната недела во Милано таа се одлучила да се појави во деколтиран бел фустан со проѕирна чипка. Фустанот би можел да се опише како супер секси венчаница, избор кој не одговара за приликата.
Меѓу другото, овој фустан и предизвикал и мали проблеми. Горниот дел не е со раменици, па фустанот цело време и се лизга и можете да забележите дека често го подигнува.
Маката не траела долго, бидејќи се преоблекла во балски црвен фустан со црни детали.
Во оваа тоалета, 32-годишната мајка ја следеше модната ревија на дизајнерот Јин Минг кој е сопственик на модната куќа La Koradior.
Што мислите? Одличен избор или модна утка?