Емотивен момент: Меколи Калкин и мајката од „Home Alone“ се прегрнуваат и плачат, 33 години по премиерата на филмот
- Детали
- недела, 03 декември 2023
Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а на церемонијата присуствуваше и Кетрин О’Хара – актерката која ја глумеше неговата мајка во Home Alone. Во емотивниот говор, Кетрин не штедеше на зборови додека го фалеше талентот на актерот, а на крај се прегрнаа со насолзени очи.
Меколи Калкин, најпознат како Кевин од омилениот празничен филм Home Alone, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
43-годишниот актер присуствуваше на церемонијата со свршеницата Бренда Сонг, како и со нивните две деца.
Но, она што им разбуди носталгија на фановите е средбата на актерот со Кетрин О’Хара која ја глумеше мајката на Кевин во популарниот филм.
Актерот и свршеницата изгледаа одлично во складни црни комбинации, а во емотивниот говор, Меколи ѝ се заблагодари на Бренда.
„Ти си апсолутно сè. Ти си мојот шампион. Ти си единствената личност која денес е посреќна за мене отколку јас. Ти не си само најдобрата жена што ја знам, ти си најдобрата личност што ја знам.
Ми ја даде смислата на животот. Ми даде семејство“, зборуваше актерот, додека свршеницата го слушаше со насолзени очи.
Кетрин О’Хара, пак, не штедеше на комплименти за актерот чија изведба во филмот пред 30-тина години ја опиша како „совршена“:
„Home Alone беше и секогаш ќе биде сакана глобална сензација. Причината зошто семејствата ширум светот го гледаат и го сакаат филмот секоја година е Меколи Калкин. Знам дека работеше напорно, го знам тоа, но направи глумата да изгледа како најприродното нешто во светот…
Меколи, честитки. Навистина ја заслужуваш ѕвездата на Булеварот на славните. И, ти благодарам што во овој среќен момент ме вклучи и мене, твојата лажна мајка која те остави сам дома не еднаш, туку двапати. Многу сум горда на тебе“.
По завршувањето на говорот, Меколи ја прегрна Кетрин и не ги криеше солзите во емотивниот миг.
Повеќе фотки од настанот:
Спирова С. | Црнобело