Ретко појавување на Брус Вилис во јавност – изгледа смирено, храбро се справува со болеста (фото)
- Детали
- вторник, 10 септември 2024
За разлика од претходни слични фотки на кои изгледа збунето, па и исплашено, на новите фотографии актерот делува навистина смирено додека чека на совозачкото седиште во автомобил.
Откако неговото семејство откри дека има афазија, а потоа и деменција, Брус Вилис ретко се појавува во јавност.
Но, на големо изненадување на фановите, 69-годишниот актер викендов беше забележан во автомобил во Калифорнија.
На фотките споделени од The Sun, актерот седи во совозачкото седишта, носи бејзбол капче и разгледува околу себе.
За разлика од постари слични фотки на кои изгледа збунето и вознемирено, сега актерот делува смирено.
Според очевидците, Брус бил во друштво на телохранители, но не е познато кон каде одел.
Иако според изјавите на неговото семејство состојбата на актерот засега е стабилна, неговата сопруга и ќерките имаат изјавено дека честопати мораат да се справуваат со лажни вести.
Неколкупати досега беа споделувани лажни информации дека актерот починал или дека е неподвижен и воопшто не комуницира.
Неговата сопруга, Ема, вели дека ваквите лаги само им ја отежнуваат ситуацијата.
„Додека скролав на телефонот, видов наслов поврзан со моето семејство. Натписот главно велеше дека во мојот сопругот повеќе нема радост и живот.
Можам да ви кажам дека ова не е воопшто точно и кој и да ги пишува овие глупави работи, ве молам престанете да ги плашите луѓето.
Многумина мислат дека кога ќе добиете дијагноза како на Брус, животот ви завршил. Но, ова не е точно“, изјави Ема во една пригода.
Иако актерот имал проблеми со комуникацијата, особено зборувањето, неговите сакани истакнуваат дека генерално се чувствува добро.
Постара фотка од актерот
Спирова С. | Црнобело