Ким Кардашијан е кралица на модните утки: Карнери и чизми над колена?! (фото)
- Детали
- петок, 11 септември 2015
Ким Кардашијан ја заслужи својата репутација како кралица на рушење на границите на тоа што може да носи една бремена жена со својот избор на облека.
Иако неодамна се појави во Валентино фустан во кој изгледаше елегантно и софистицирано, сепак повторно се врати на своите луди комбинации.
Во многуте избори на латекс материјали и тесни фустани може да се вброи и најновата комбинација која ја носи за време на модната недела во Њујорк.
34-годишната старлета го истакнува својот стомак со слоевито златно здолниште со шлиц од кој целосно се гледаат нејзините нозе, палто и маица со иста боја, како и чизми за чиј избор би се запрашале во однос на тоа какви совети добива таа од своите стилисти.
Што би рекле вие за нејзиниот избор?