Нова опсесија: Клое Кардашијан со нереално тесен струк
- Детали
- среда, 02 септември 2015
31-годишната старлета прави тренинзи за обликување на нејзината половина веќе цела една година и тврди дека токму овој тренд е нејзината единствена опсесија, како што е случајот и со нејзините сестри Ким и Кортни.
На неколку фотки кои ги има објавено на својот Инстаграм профил таа изјавила: „опседната сум со теретаната, но дополнителна помош на никому не му штети, затоа мојата половина ја држам стегната. Еднаш кога ќе го пробате ова, ќе ви стане опсесија“.
Таа дури и ги негира штетните последици како оштетување на внатрешните органи и ребрата, кои ги потенцираат поголемиот дел од докторите.
Русокосата сестра на Ким и Кортни на овие фотографии носи црн комбинезон и корсет за да ја стегне својата половина.
Сепак, многу научници тврдат дека ако својата половина ја стегате во корсет не значи дека трајно ќе ви се намали половината, туку може да штети на вашите органи.
Дали Клои успешно ја намалила својата половина?