Џенифер Анистон конечно ќе стане мајка!
- Детали
- четврток, 13 август 2015
Откако тајно се венчаше за нејзиниот долгогодишен вереник Џастин Тероу, славната двојка решила дека е време да станат родители.
Џнифер во својата 47-ма година конечно ќе стане мајка на 6-месечно посвоено девојче.
Според тврдењата и изворите на Hollywood Life, Џенифер и Џастин за неколку недели би требало да ја донесат ќеркичката дома и да го прошират своето семејство.
„На еден човек му кажа дека се уште не ја запознала ќерката, но тоа беше неколку дена пред венчавката. Џенифер кажа и дека сите документи се одобрени. Девојчето би требало да биде дома за најмногу 6 недели,“ вели изворот за магазинот.
Според тврдењата на изворот, низ процесот на посвојување на Џенифер и помогнала нејзината колешка и пријателка Сандра Булок, која во 2010 година го посвои синот Луис.