Никој не знае да носи тексас комбинезон како Џеј Ло (фото)
- Детали
- четврток, 06 август 2015
Џенифер Лопез забележана е како излегува од својот автомобил во Њујорк и уште еднаш покажа дека може да изгледа совршено и младолико во било која комбинација.
За 40-годишната латино ѕвезда едноставно би можеле да кажеме дека сè уште изгледа како да е во своите 20-ти.
Овој пат таа носи тексас комбинезон кој одлично е искомбиниран со бохо детали во беж боја и сандали на платформа.
Боб фризурата и натаму и е омилена, а сега се одлучила и да ја надополни со благи локни кои фантастично и прилегаат на комбинацијата која ја носи на себе.
На неа има речиси незабележлива шминка со кармин во месо боја која совршено и прилега на нејзините полни усни.