„Едвај чекам да станам жена“: Фифи ќе го менува својот пол?
- Детали
- вторник, 04 август 2015
Фифи или Филип Јаневски, бившиот учесник на музичкиот натпревар „Х Фактор“, се пресели во Шведска и таму ќе го менува својот пол.
Добро го знаеме по тоа што тој се именува себеси како Фифи, за себе говори во женски род и така се облекува. Никогаш не криел дека се чувствува како жена, а наскоро и ќе има можност да изгледа како една.
„Точно е дека се преселив во Шведска, каде од неодамна настапував на отворањето на „Stockholm Pride“ заедно со еден госпел хор. Полека, но сигурно ја почнувам мојата транзиција и едвај ја чекам операцијата за промена на полот. Тогаш потполно ќе почнам да го живеам својот живот без било какви ограничувања. Се чувствувам и се однесувам како жена, а се приближува моментот и кога ќе станам жена. Сите хормонски терапии досега поминаа добро и моето тело е подготвено за нов почеток“ – вели Фифи.
На отворањето на геј парадата Фифи пееше песна од Кристина Агилера.
Додава дека конечно добила самодоверба, без разлика на дискриминацијата со која секојдневно се соочувала:
„На секој чекор чудно ме гледаа, ми се потсмеваа и мислеа дека сум помалку вредна само затоа што се чувствувам добро во својата кожа. Наскоро сето тоа ќе биде минато затоа што со духот и со телото ќе бидам едно“.