Висока мода и уживање на јахта: Оливија Палермо со сопругот на летен одмор во Ибица
- Детали
- среда, 29 јули 2015
Поранешната MTV ѕвезда Оливија Палермо и нејзиниот маж, моделот Јоханес Хибл, моментално уживаат на Средоземното море на јахта во близина на Ибица и не само што уживаат на сонцето, туку покажуваат како градскиот стил може да се пренесе и на плажа.
Оливија Палермо е добро позната по својот софистициран и модерен изглед и тоа го докажува не само во Њујорк, туку и на Медитеранот, а ништо поразличен не е и нејзиниот сопруг.
Овој пат тие покажуваат како се ужива на јахта во неколку едноставни, но модерни изданија.
Додека Хибл се држи до класичните црни или бели шорцеви за капење, таа на себе смени два различни костими за капење. Едниот е комбинација од месо боја и ленти во индиго боја, а другиот е корално розов.