Како изгледа денес Марибел од серијата Руби? (фото)
- Детали
- среда, 22 јули 2015
Латиноамериканската теленовела Руби која кај нас беше на ТВ екраните пред околу десетина години бргу ги освои срцата на публиката, бидејќи приказната на главниот лик е малку поинаква од вообичаената.
За разлика од повеќето вообичаени серии, Руби беше прилично злобна.
И додека во центарот на приказната се наоѓаше сиромашната Руби која никако не се откажува и ништо не ја спречува да ги достигне своите цели, во сеќавањата на сите кои ја гледале оваа серија, остана скромната и богата Марибел која беше најдобра пријателка на Руби.
Нејзината пријателка Руби и беше лажана, таа ја користеше оваа несреќна девојка за да дојде до богатство и на крајот ја остави без вереник.
Актерката која го глумеше овој лик, Жаклин Бракамонтес во 2000-та година ја освоила титулата Мис на Мексико и се отворила вратата за снимање на серии, па во 2003-та година таа ја снимила својата прва ТВ серија.
Веќе следната година ја добила улогата на Марибел во серијата Руби и го освоила светот.
Денес таа е жена и мајка на две деца. Во 2011-та година таа стапила во брак со биснисменот и професионален возач на рели Мартино Фуентесо, а во 2013 година родила близнаци.
За жал момчето кое се родило починало веднаш по пораѓањето како резултат на компликациите при дишењето.
По година дена ја добива втората ќерка, Каролина.