Каде е и што прави Том од MySpace денес? (фото)
- Детали
- петок, 19 јуни 2015
Се сеќавате кој ви беше прв пријател на социјалната мрежа MySpace? Том Андерсон, ни посакуваше прво „добредојде“ и нè упатуваше во целиот процес на функционирање за да си го средите профилот колку може подобро.
Сигурно бевте и малку разочарани што баш некој Том ви е прв пријател, а вие ја баравте симпатијата, тука некаде.
Но, тој Том со позитивната насмевка и љубезните пораки како упатство и насоки е токму сопственикот и основач на социјалната мрежа каде споделувавме фотографии, музика, статуси, како што сега тоа се прави на Фејсбук.
Со напредокот на технологијата и интернетот оваа мрежа веќе загуби на својата популарност и сите се придружија на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.
Том Андерсон денес има 44 години и веќе е пензионер на МySpace, не се труди да биде конкуренција на Фејсбук и живее одличен живот, а вредноста на неговата фирма е проценета на околу $60 милиони долари.
Сè уште добро изгледа, патува низ светот и објавува одлични фотографии од пејзажи на неговиот Инстаграм профил.
Погледнете како изгледа Том денес и каде сè патува: