Радости: Кога Ед Ширан ќе ви упадне на свадба и ќе ви го отпее првиот танц (видео)
- Детали
- петок, 27 март 2015
Ед Ширан уште еднаш покажува дека без разлика колку голема ѕвезда е во моментов, сепак покажува дека е сосем обично момче кое знае како да ги израдува фановите.
Кога слушнал дека едно сиднејско радио KIISS 1065 помага во организација на специјална свадба за двајца нивни слушатели кои избрале негова песна за првиот свадбен танц, тој се понудил да ги изненади со изведба во живо.
Мет и Киа кои имаат и две деца немале можност да се венчаат откако Мет останал без работа, а скоро после тоа починала и мајката на Киа, па сите планови пропаднале.
Но, ова сиднејско радио решило да го оствари нивниот сон, вложувајќи 80.000 долари за свадба и меден месец.
Ед Ширан своеволно сам се понудил да се вклучи во сето тоа и да допринесе за уште поголема радост.