Холивудски тела за кои сите сонуваат
- Детали
- среда, 21 јануари 2015
Нив често жените им завидуваат, а мажите ги обожаваат. Имаат речиси совршени пропорции, затегнати мускули и секоја облека одлично им стои. Поради тоа, полни се со самодоверба, знаат како да се носат и како да го истакнат најдоброто од себе.
На тој начин и го добиваат статусот на холивудски жени.
1. Меган Фокс
Брзо по појавувањето на сцена го привлече вниманието на медиумите и публиката со својот изглед. Магазинот „Fitness“ го прогласи нејзиниот задник за најдобар во светот.
2. Никол Шерцингер
Најголемата слава таа ја доживеа во 2005 година како главен вокал на женската музичка група „Pussycat dolls“. Меѓу нив сите беа згодни девојки, но Никол се издвојуваше со тело за кое секоја девојка сонува. Подоцна се обиде и со соло кариера, но она што остана највпечатливо е да ја гледаат како вистински секс симбол.
3. Жизел Бундшен
Таа е најплатениот топ модел на сите времиња. За таков резултат Жизел има вложено многу труд и секојдневен тренинг. Два дена во неделата се за јога, а останатите пет за кардио тренинзи.
4. Бруклин Декер
Бруклин својата популарност ја стекна благодарение на облините. Таа можеби не е совршено манекенски градена, има високи колкови и поголеми гради, но е одлична за фотомодел. Можеби токму нејзиното затегнато тело со облини е најпосакувано.
5. Ферги
Пејачката Ферги борејќи се со зависностите се поттикнала постојано да вежба, да тренира и целосно да се посвети на музиката. Така успеа да го добие телото од соништата.