Елена Ристеска во минијатурно секси трико позгодна и од Кристина Агилера
- Детали
- понеделник, 03 ноември 2014
Во четвртата емисија на „Твоето лице звучи познато“ нашата Елена Ристеска настапи прва со имитација на поп-дивата Кристина Агилера.
Пееше микс од три песнi. Најпрво се појави како прекрасна русокаса во розев долг фустан, потоа во секси црно, светкаво трико.
Со одлични вокални способности успеа целосно да ја долови и пренесе светската сцена на телевизиските екрани.
Придружувана од танчерска група, соодветна сценографија и специјални ефекти буквално направи вистинска журка на сцената и во публиката.
Жирито остана воодушевено и импресионирано само со пофални зборови и за изведбата и за нејзиниот изглед. За некои од нив дури и подобра од Кристина Агилера.
Погледнете како изгледаше и звучеше Елена: