Ги изневерил двете сопруги, најсреќен беше со девојка му која почина – Бурниот љубовен живот на Клинт Иствуд (94)
- Детали
- недела, 28 јули 2024
Зад себе, Клинт Иствуд (94) има два брака, неколку сериозни врски и уште толку афери и е татко на 10 деца. А, актерот бил најсреќен со девојка му Кристина која, за жал, неодамна почина од инфаркт на 61-годишна возраст.
Повеќе од десет години, Клинт Иствуд беше во среќна врска со девојка му Кристина Сандера.
Но, минатата недела, 61-годишната Кристина почина ненадејно, од инфаркт.
Причината за смртта е откриена дури сега и наводно Кристина имала абнормален срцев ритам, како и проблеми со коронарната артерија, а сето ова придонело за инфарктот.
94-годишниот Клинт Иствуд со жалост ја сподели веста за смртта на саканата.
„Кристина беше прекрасна, грижлива жена и многу ќе ми недостасува“, изјави актерот за медиумите.
Зад себе, Клинт Иствуд има два неуспешни брака и неколку долги врски (но и по некоја афера), а е татко на вкупно десет деца.
Сепак, се чини дека најсреќен бил со Кристина која главно се држеше настрана од јавноста.
Кои се поранешните девојки и сопруги на популарниот актер?
Меги Џонсон
Кога стапил во брак со Меги Џонсон, Клинт Иствуд уште не бил холивудска ѕвезда.
Тој ја запознал првата сопруга во 1953 година, на „слеп“ состанок.
А, се венчал со неа само неколку месеци пред да добие дете од друга жена.
Првото дете на актерот – ќерката Лори Муреј – била дадена на посвојување, а тој ја запознал дури кога таа наполнила 30 години.
Додека бил во брак со Меги, Клинт имал и неколку афери, а една резултирала со уште едно вонбрачно дете.
Со Меги, пак, добил две деца.
Актерот и првата сопруга се развеле во 1984 година.
Сондра Лок
Клинт Иствуд почнал да се гледа со Сондра додека бил во брак со првата сопруга.
Нивната врска била мошне бурна, а и самата Сондра има изјавено дека од Клинт трпела понижување, како и ментално и физичко малтретирање.
Не е познато точно кога се разделиле, но до смртта на Сондра во 2018-та, не го подобриле односот.
Жаклин Ривс
Не е познато колку долго траела врската на Клинт и Жаклин, но заедно добиле две деца.
Главно, Жаклин била таа што се грижела за децата, додека Клинт бил отсутен татко.
Франсис Фишер
Актерот ја почнал врската со Франсис додека бил во врска со друга жена – нешто што го правел често.
Тие се гледале во 1980-тите и 1990-тите години, а еден период и живееле заедно.
Добиле ќерка, а официјално се разделиле во 1995-та.
Дина Иствуд
Клинт ја запознал Дина додека бил во врска со претходната девојка – Франсис Фишер.
Откако раскинал со Франсис, ја запросил Дина, а набрзо потоа се венчале и добиле дете.
Ова е една од подолгите врски на Клинт – со Дина се разведоа дури во 2013-та, кога актерот имаше 84 години.
Според Дина, разделбата поминала мирно и таа има само добри зборови за актерот.
Кристина Сандера
Последната, и можеби најголема љубов на актерот е Кристина Сандера.
Тие ја почнаа врската речиси веднаш по вториот развод на актерот и почнале да живеат заедно.
Се запознале додека Кристина работела како хостеса во хотел, а првпат се појавија како пар на доделувањето на Оскари 2015.
Според извори блиски до парот, Кристина била во одличен однос со сите деца на актерот.
Но, мразела внимание од јавноста, па затоа и беше реткост да се дознае нешто за неа.
Како што веќе спомнавме, Кристина почина минатата недела, од инфаркт предизвикан од компликации со срцето и артериите.
Спирова С. | Црнобело