Хорор во кралското семејство: Принцот Хари за малку избегнал сообраќајна несреќа
- Детали
- петок, 12 септември 2014
Британскиот принц Хари за малку избегнал сообраќајна несреќа, кога полицаецот од неговото обезбедување со мотор, со полна брзина се судрил со такси возило.
Принцот Хари се наоѓал само неколку метри зад моторот, но за среќа неговиот возач имал неколку секунди успеал да го заобиколи местото на несреќата и автомобилот да го застане на безбедна оддалеченост.
Полицаецот кој се судрил со автомобилот буквално „прелетал“ 10 метри, па бил хоспитализиран.
Моментално е пуштен на домашно лекување, додека такси возачот е задржан во болница, но е во стабилна состојба.
Бројни сведоци на несреќата потврдија дека се се случувало брзо.
„Тоа беше шок за сите лица кои се најдоа на местото, но на Хари малку му олесни кога виде дека полицајците од неговото обезбедување ја понудија сета помош,“ изјавил еден очевидец.