Бред Пит и новата девојка блескаат како излезени од модна писта, a Џоли е убавица во црно на настан со синот
- Детали
- вторник, 10 септември 2024
Бред Пит и на 60 години е како излезен од модна писта во целосно жолт аутфит, покрај нежната и елегантна девојка во Њујорк, додека Џоли зрачи со црна елеганција, со синот кој ги покажа раните од несреќата.
Холивудскиот заводник Бред Пит неделава беше забележан низ улиците на Њујорк заедно со 31-годишната девојка Инес де Рамон.
Изгледа љубовта му годи и повторно почна да привлекува внимание со модните стајлинзи, кои во изминатите години не му беа за пофалба.
Сега тој се појави во целосно жолто одело со темни штепови и блесна покрај саканата, која избрала беж аутфит во кој изгледа нежно и елегантно, по повод романтична вечера во италијански ресторан.
Парот во последно време е многу почесто во јавност и не ја крие љубовта, додека пак Анџелина Џоли е посветена мајка и постојано е во придружба на децата.
Викендов таа беше на црвен тепих со синот Пакс, каде тој за првпат ги покажа повредите со кои се здобил по несреќата со електричен велосипед.
На настанот Џоли се одлучи за црна елеганција со класична тоалета, искомбинирана со долги црни ракавици и едноставна шминка која ги нагласува очите.
Погледне повеќе фотки од појавувањета на Пит со девојката и на Џоли со синот изминативе денови:
М. М. | Црнобело