Лејди Гага со 15 килограми плус
- Детали
- петок, 12 септември 2014
Лејди Гага го направи „недозволеното“ - се здебели цели 15 килограми, по што беше навредувана од сите страни, освен од верните фанови.
Пејачката која е висока 155 сантиметри, сега има 60 килограми.
Додатните килограми ги добила затоа што одбивала да гладува како би се вклопила во рамките на совршените пропорции, кои се почесто им се наметнуваат на жените.
„Горда сум на секој килограм. Она што се наоѓа во човечкото суштество е единственото нешто што е важно. Плус, се е во начинот на кој позирате, прашајте го било кој супермодел,“ напиша Гага покрај споделената фотографија.
Облечена во целосен костим за капење со боја на кожа, Лејди Гага покажа како изгледа сега.
Дебела или уште посекси?