„Мажите ме оставаат“ – Дали Лејди Гага конечно ќе се омажи со третиот свршеник, во кој е лудо вљубена?
- Детали
- четврток, 26 септември 2024
Првиот свршеник ѝ подари дијамантски прстен во форма на срце, вториот со розов дијамант, а третиот ѝ подари дијамант од 20 карати. Дали Лејди Гага конечно ќе стигне пред олтар, откако претходно велеше дека секојпат кога ќе има нов успех во кариерата, мажите си заминуваат од нејзиниот живот?
Синоќа во Лондон, сите очи беа вперени во пејачката и актерка Лејди Гага, која на премиерата на новиот филм The Joker: Folie à Deux, дојде со свршеникот Мајкл Полански.
Актерката облечена во впечатлив црвен стајлинг со лажна солза на лицето, во чест на ликот на Харли Квин, којшто го глуми во филмот, привлече внимание како кај присутните, така и кај сите светски фотографи.
Неа ја придружуваше свршеникот Мајкл Полански со кого е во сериозна врска во изминативе неколку години.
Лејди Гага, чиешто вистинско име е Стефани Германота, не ги криеше своите чувства кон свршеникот Мајкл, па тие двајца разменуваа бакнежи и нежности пред присутните.
Лејди Гага и Мајкл се заедно од 2020-та година, а според пишувањата во светските таблоиди тие двајца веќе планираат да стапат во брак.
Се чини дека на пејачката и актерка, за која долго време имаше гласини дека е бисексуалка, и дека била родена како момче, по две неуспешни свршувачки конечно ѝ се насмевна среќата на љубовен план.
Во една пригода таа рече дека секојпат кога кариерата ќе ѝ тргне по нагорна линија, љубовниот живот ѝ се распаѓа.
„Мојот љубовен живот имплодира. Продадов 10 милиони плочи и го загубив Мет. Продадов 30 милиони и го загубив Лук. Снимив филм и го загубив Тејлор. Како да се вртат работите. Ова е третпат срцето да ми биде скршено“.
„Не сакам да бидам сингл. Се чувствував како кариерата да ми го презеде секој сегмент и дека немам приватен живот, без разлика на тоа колку и да сакам или да се трудам да ги контролирам работите, па бев многу тажна заради тоа“ – рече таа.
Да се потсетиме накратко на бурното љубовно минато на пејачката:
Во 2005-та година кога Лејди Гага полека се искачуваше во светот на славните, таа беше во врска со барменот и музичар Лук Карл. Нивната врска со прекини траеше 5 години.
Подоцна, во интервју таа рече дека врската со него навистина ја оформила како личност.
„Таа врска навистина ме оформи. На некој начин одлучив дека ако не можам да го имам момчето од соништата, постојат други начини да дадам љубов.
Никогаш не сум сакала никого, како што го сакав него“ – рече таа во 2009-та година.