Лејди Гага се огласи за шпекулациите дека е маж: „Сметам дека немаше потреба да ги негирам“

Лејди Гага првпат прозборе за гласините дека е маж, кои се прошириа по фотките на кои наводно се гледа машки полов орган, а се огласи и за Фејсбук групата насловена „Стефани Германота никогаш нема да бидеш славна“, што ја направиле нејзини соученички.

lejdi-gaga-se-oglasi-za-glasinite-deka-e-mazh-smetam-deka-nemashe-potreba-da-gi-negiram-01.jpg

Во периодот кога ја градеше својата кариера и се прославуваше, Лејди Гага се соочи со шпекулации за кои досега одлучуваше да молчи.

Во 2010-тите се појавија гласини дека Лејди Гага e всушност маж, а во неколку интервјуа ѝ беше поставено прашање за нејзиниот пол и дали има машки гениталии.

Во новата документарна серија на Бил Гејтс – What’s Next? The Future With Bill Gates – гостува и Лејди Гага, а во еден момент, таа и милијардерот зборуваат за ширењето дезинформации.

lejdi-gaga-se-oglasi-za-glasinite-deka-e-mazh-smetam-deka-nemashe-potreba-da-gi-negiram-03.JPG

Популарноста на Лејди Гага се зголемуваше во период кога и социјалните мрежи земаа замав.

А, без денешните регулации, тие беа совршено место за ширење лажни вести и дезинформации.

Гласините за Лејди Гага почнаа во 2009 година, поради фотка (со лош квалитет) од музичкиот фестивал Glastonbury.

Според некои, на фотографијата се гледа дека пејачката има испакнатина меѓу нозете, иако е очигледно дека станува збор за сенка и положбата во којашто е застаната.

lejdi-gaga-se-oglasi-za-glasinite-deka-e-mazh-smetam-deka-nemashe-potreba-da-gi-negiram-09.JPG

Кога ја прашуваа за полот на постарите интервјуа, Гага избегнуваше директен одговор и беше саркастична, неретко истакнувајќи дека на нејзините фанови не им е грижа кој пол е.

Во документарецот на Бил Гејтс, пејачката, која е голем поборник за правата на ЛГБТ заедницата, откри зошто никогаш не ги негирала гласините:

„Избегнував да одговарам на прашањето бидејќи не се чувствував како жртва поради таа лага.

Но, си мислев, што со детето што го обвинуваат за истото? Како ќе се чувствува ако јас, славна личност, покажам дека ми е срам од тоа?

Сум била во ситуации кога кажувањето на вистината за некои гласини не било во најдобар интерес за другите луѓе“.

lejdi-gaga-se-oglasi-za-glasinite-deka-e-mazh-smetam-deka-nemashe-potreba-da-gi-negiram-07.JPG

А, наместо да се бори против гласините, Лејди Гага почна да ги користи во нејзините перформанси.

Во 2010 година, таа направи фотосесијата за Vogue облечена како маж.

Со истата облека и шминка, таа ги водеше и MTV Video Music Awards во 2011 година.

lejdi-gaga-se-oglasi-za-glasinite-deka-e-mazh-smetam-deka-nemashe-potreba-da-gi-negiram-08.JPG

Периодов пејачката се огласи и за друг момент од нејзиното минато, овој пат за училишните денови.

Фановите на Гага многу добро знаат дека неколку нејзини соученици направиле Фејсбук група насловена „Стефани Германота, никогаш нема да бидеш славна“.

На насловната фотографија од групата се гледа Лејди Гага, врз која има голем црн икс.

Групата, која денес не постои, била приватна и има 12 членови.

lejdi-gaga-se-oglasi-za-glasinite-deka-e-mazh-smetam-deka-nemashe-potreba-da-gi-negiram-04.JPG

Пејачката отсекогаш била отворена за тешките училишни денови и малтретирањето што го трпела, но првпат се фокусира само на Фејсбук групата.

Корисник на ТикТок сподели скриншот од групата, а во коментар, Лејди Гага му напиша:

„Некои луѓе со коишто одев во колеџ ја направија групата.

Ова е причината зошто не треба да се откажеш кога луѓето се сомневаат во тебе или те омаловажуваат – мора да продолжиш напред“.

lejdi-gaga-se-oglasi-za-glasinite-deka-e-mazh-smetam-deka-nemashe-potreba-da-gi-negiram-05.JPG

На нејзиниот коментар, пак, многу фанови почнаа да ги набројуваат нејзините достигнувања, кои вклучуваат 13 Греми награди, Оскар, 18 статуетки од MTV VMA

Пејачката има откриено дека се откажала од колеџот по три семестри за да се фокусира на кариерата.

„Го сакав колеџот, но самата ќе се научам подобро отколку на некое училиште“.

lejdi-gaga-se-oglasi-za-glasinite-deka-e-mazh-smetam-deka-nemashe-potreba-da-gi-negiram-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg