Полусестрата на Кејт Мос се предозирала со Оземпик, лекот што се користи за слабеење: „Имав 53 kg, завршив во болница“

„Користев доза за луѓе кои имаат 100 килограми, а јас имав 57. За неколку недели стигнав до 53 килограми, бев дехидрирана и завршив во болница“, раскажува Лоти Мос за искуството со лекот Оземпик, кој многу познати го користат за слабеење.

polusestrata-na-kejt-mos-se-predozirala-so-ozempik-lekot-shto-se-koristi-za-slabeenje-imav-53-kg-zavrshiv-vo-bolnica-01.jpg

Полусестрата на Кејт Мос – Лоти – откри дека завршила во болница откако се предозирала со Оземпик, лекот за дијабетичари што бројни славни личности го користат за слабеење.

26-годишната Лоти е модел и никогаш немала проблем со вишокот килограми, но почнала да го користи лекот бидејќи не била задоволна од изгледот.

Во 1990-тите, сестра ѝ Кејт го прослави екстремно слабиот изглед, а имаше изјавено и дека „никоја храна не е толку вкусна колку чувството да си слаб“.

Па, веројатно не изненадува што и Лоти сакала да изгледа екстремно слабо.

polusestrata-na-kejt-mos-se-predozirala-so-ozempik-lekot-shto-se-koristi-za-slabeenje-imav-53-kg-zavrshiv-vo-bolnica-08.JPG

Лоти е висока околу 170 сантиметри, а кога почнала да го користи лекот имала околу 57 килограми.

Лекот го добила од пријателка, која, пак, нелегално го набавила од лекар, а сега вели дека никогаш повторно нема да се осмели да го користи.

Лоти се предозирала – за помалку од месец тежината ѝ се спуштила на 53 килограми, била сериозно дехидрирана и завршила во болница.

polusestrata-na-kejt-mos-se-predozirala-so-ozempik-lekot-shto-se-koristi-za-slabeenje-imav-53-kg-zavrshiv-vo-bolnica-06.JPG

„Пред неколку месеци, не бев задоволна од мојата тежина, па една пријателка ми набави Оземпик од лекар.

Но, лекарот не ми провери крвен притисок и не ми направи други тестови, како што треба пред да ви дадат лек како Оземпик.

Сепак, ова е лек и може да биде опасен“, раскажува Лоти во поткаст.

polusestrata-na-kejt-mos-se-predozirala-so-ozempik-lekot-shto-se-koristi-za-slabeenje-imav-53-kg-zavrshiv-vo-bolnica-03.JPG

„Дозата што ја користев јас беше за лица кои имаат 100 килограми, а јас имав 50-тина. Но сепак, си го инјектирав во ногата и тоа беше најлошата одлука што сум ја донела.

Го користев две недели... Никогаш не сум се чувствувала полошо. Повраќав. Почнав со помала доза, а потоа ја зголемив.

Два дена не можев да станам во кревет, се чувствував ужасно, нагло ослабев.

По првата доза имав 57 килограми, а потоа тежината ми се спушти до 54 килограми.

Стигнав до 53 килограми за многу краток период, а тоа не е здраво слабеење“.

polusestrata-na-kejt-mos-se-predozirala-so-ozempik-lekot-shto-se-koristi-za-slabeenje-imav-53-kg-zavrshiv-vo-bolnica-02.JPG

Лоти вели дека иако сакала да престане со лекот, тој веќе бил во нејзиниот систем и не можела туку-така да се ослободи од неговото влијание.

„Еден ден ми беше толку лошо, што ѝ реков на пријателка дека морам во болница“.

polusestrata-na-kejt-mos-se-predozirala-so-ozempik-lekot-shto-se-koristi-za-slabeenje-imav-53-kg-zavrshiv-vo-bolnica-05.JPG

Кога отишла во болница, Лоти била сериозно дехидрирана и изгубила свест.

„Отидов во болница во три наутро и една медицинска сестра ме праша колкава доза користам. Јас ѝ кажав и ми рече дека дозата е превисока за мене.

Ме испрати во одделот за итни случаи во инвалидска количка. Ме прегледа друга медицинска сестра, па добив напад бидејќи бев дехидрирана и, искрено, ова е најстрашното нешто што сум го доживеала.

Не знаев што се случува – целото тело ми се грчеше, не можев да ги движам дланките. Беше ужасно“.

polusestrata-na-kejt-mos-se-predozirala-so-ozempik-lekot-shto-se-koristi-za-slabeenje-imav-53-kg-zavrshiv-vo-bolnica-7.JPG

Лоти претходно има зборувано за притисокот да биде екстремно слаба што ѝ бил наметнат од модната индустрија.

Таа стана модел на 16-годишна возраст, а вели дека се чувствува како да живее во сенка на сестра ѝ Кејт.

На почетокот на кариерата, имала навика да јаде на паузите од фотосесиите, а тогаш ѝ рекле дека нема да стапне на модна писта ако продолжи да јаде и не ослаби.

По сите критики за нејзиното тело, вели дека е среќна што не развила нарушување во исхраната.

polusestrata-na-kejt-mos-se-predozirala-so-ozempik-lekot-shto-se-koristi-za-slabeenje-imav-53-kg-zavrshiv-vo-bolnica-04.JPG

Но, развила депресија, па почнала да користи многу кокаин и алкохол за да се справи со симптомите.

Во 2022 година отиде на рехабилитација и вели дека денес е ослободена од пороците.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Сестрата и мајката на Мараја Кери починале во ист ден: „Срцето ми се крши за оваа трагедија“ Изминатиот викенд, починале мајката и сестрата на Мараја Кери, а тажните вести г...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg