Џорџ Клуни и Амал Аламудин ќе се венчаат во Венеција
- Детали
- вторник, 09 септември 2014
Џорџ Клуни откри дека венчавката со неговата избраничка Амал ќе се одржи во Венеција. Откри и дека венчавката е закажана за неколку недели, но не сакал да открие точен датум.
- Својата идна невеста ја запознав во Италија, а за неколку седмици ќе се венчаме во Венеција, изјави Клуни.
Оваа информација славниот пар ја откри на случувањето во Тоскана „Celebrity Fight Night,“ каде Џорџ Клуни цела вечер бил неразделен од својата вереница.
Како што светските медиуми тврдат, Амал веќе одбрала и креатор за својата венчаница.
Наводно, таа неодамна го посетила салонот на Александар Меквин, во кој сега главна е дизајнерката која ја креираше венчаницата на Кејт Мидлтон и Јелена Ристиќ.