Ријана како модерна тетка: Ја учи 3-месечната внука да прави селфи
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Ријана е буквално освоена од нејзината 3-месечна внука и многу сериозно си ја сфаќа улогата на тетка, па си ги презема сите обврски за забава и разгалување.
Целата нејзина дива природа успева да ја скроти едно мало слатко бебе на кое таа не може да му одолее и секој слободен момент го користи за заедничко дружење.
При нивната последна прошетка Ријана ја однела својата внука за да ѝ ги дупнат ушите за првпат. Облечени во сличен војнички стил, после тоа вежбале да позираат.
Славната пејачка не остава ништо на случајност, па уште од 3 месеци ја внесува внуката во светот на славните со модерни пози и фотографии кои вирално се шират.
Поза број 1: Малку сме изненадени со подотворена уста и поглед во апаратот.
Поза број 2: Најпопуларното селф со усни подготвени за бакнеж.
Поза број 3: По стапките на тета Ријана, мора да биде и малку откачена со јазикот надвор.
По толку напорен ден двете одмораат на кауч додека гледаат цртани филмови.
Па секој со своите мисли...
За на крај да дојде време за спиење...