Тие се шетаат со најубавите стомачни мускули
- Детали
- среда, 09 јули 2014
Летото е совршеното доба за да се покаже малку повеќе голотија или одличните мускули и затегнато тело кое го подготвувавте цела година. Додека некои биле помрзеливи, овие познати дами добро ги навежбале стомачните мускули, па гордо се шетаат по улиците во кратки маички или бикини.
Погледнте ја листата од 10 славни девојки кои ги имаат најубавите стомач
Гвен Стефани
Секогаш позната по фантастично затегнатото тело не е променерте дури ни по бременоста. Знае како правило да вежба и да се храни здраво за да изгледа толку добро, свежо и малдо, без разлика на годините.
Џесика Алба
Никогаш не била премногу слаба, но никогаш и немала проблем со килограмите. Дури и по породувањето успеа брзо да си ја врати идеалната фигура. Таа вели дека најчесто трча, плива и вози велосипед.
Хали Бери
Сигурно се сеќавате на оваа сцена од филмот „Die another day“ од 2002 година во која портокаловото бикини одлично го истакнуваше секси телото на Хали Бери за кое секоја жена сонува. Дури и 12 години подоцна таа изгледа исто.
Стејси Килбер
Таа има толку убав стомак што многумина би се засрамиле да се соблечат покрај неа. Со оглед на тоа што се забавувала со Џорџ Клуни мора да е близу совршенството кое тој го бара. Но, не само што има рамен стомак, туку и целото тело е добро затегнато и има прилично женствена фигура.
Алесандра Амбросио
Оваа манекенка важи за вљубеничка во теретаната, а тоа се забележува и на нејзиното тело. Делува како да нема ни грам повеќе од потребното, а рамниот стомак во комбинација со пилатес вежби и одбраната храна прави да изгледа вака на нејзини 34 години.
Бијонсе
Секогаш била згодна и женствена. Спаѓа меѓу девојките со облини, но тие одлично ѝ стојат. Токму затоа е една од најобожаваните и вистински пример за секоја девојка која сака да биде згодна, секси и успешна како Бијонсе.
Камерон Дијаз
Русокосата глумица е вистински спортски тип, па најчесто може да ја забележиме како сурфа, наместо да се излежува на плажа. Благодарение на активниот животен стил, таа има неверојатно тело и стомачни за кои вредно се труди. Вакво тело на 41 година секоја би посакала.
Ким Кардашијан
Некои мислат дека Ким има совршен задник, но и нејзиниот стомак и струк изгледаат одлично со оглед на облините кои ги има. Знае да го истакне на правилен начин за да изгледа доволно женствено и секси. Напорно вежба и внимава на исхраната за да ја задржи линијата.
Ријана
Не пропушта момент за да го истакне најдоброто од своето тело. Многу вежба и ги одржува стомачните мускули за да изгледа толку секси. Со чоколадната боја на кожа, зелените очи и извајаното затегнато тело пејачката од Барбадос е една од најсексапилните на светската сцена.
Кејт Хадсон
Уште една во редот на згодните мајки во Холивуд која не дозволила бременоста да ѝ ја наруши одличната линија на телото. Секогаш изгледа одлично како за неа да не одминуваат годините. Редовно се занимава со пилатес, а пред тренингот трча.