Првите фотки од снимањето на „50 нијанси сиво“
- Детали
- вторник, 10 декември 2013
Долгоочекуваниот прв бакнеж од многуте страсни љубовни сцени кои треба да следат во текот на снимањето, не ги воодушеви фановите на овој филм.
Актерите Дакота Џонсон и Џејми Дорнан, речиси едвај само ги допреа усните на сетот од снимањето.
Очигледно сè уште не е создадена потребната хемија меѓу актерите за да изгледа онака како што е опишано во книгата.
Со оглед на тоа што снимањето се одвива во Канада, каде температурите се прилично ниски, Дакота немала многу избор во однос на секси разголената облека на ликот на Ана.
Таа носи темно црвен фустан до колена, но одозгора има две палта и ниски чизми. Веројатно тоа не било доволно за да го воодушеви и привлече прекрасниот Џејми Дорнан во ликот на Кристијан Греј.
Тој е облечен соодветно на улогата на моќен бизнисмен, во целосно одело, затегнат и згоден.
Но, нема потреба од загрижување во однос на актерската глума на Дакота во ликот на Ана.
Таа и Џејми често разговараат со режисерката за сценариото и се трудат целосно впечатливо да ги донесат улогите на Ана и Кристијан Греј.
Покрај првиот бакнеж, кој можеби не е според очекуваното, поради условите на снимањето, сепак следуваат уште многу пострасни и провокативни љубовни сцени во кои ќе има што да се види.
Не случајно се одбрани како најсоодветен пар.