Таа има рамен стомак 4 дена после породување?!
- Детали
- понеделник, 02 декември 2013
Жената на норвешкиот фудбалер Ларс Кристијан Ериксен веќе неколку дена е мета на коментари, пофалби и критики, заради фотографијата која ја објави на социјалните мрежи само 4 дена по породувањето.
На провокативната фотографија Каролина Берг Ериксен ги покажа своите одлично тонирани и извежбани стомачни мускули.
Ларс Кристијан и Каролина Ериксен минатиот понеделник ја добија ќеркичката Нелиа, а гордата мајка не чекаше многу пред да ја сподели оваа информација на Инстаграм:
„Го родив најубавото девојче вчера, 10 минути пред 9 часот наутро. Нејзиното име е Нелиа и е совршена!“
Што се однесува до нејзината фотографија по породувањето, Каролина не оспорува дека таа е премногу провокативна. Но, не заради тоа што се воодушевува на своето тело, туку токму заради тоа што го презирала својот физички изглед сè до 12тата година.
Денес, таа сè што им порачува на мајките е да го обожаваат своето тело, без оглед на тоа какво е.
Каролина тврди дека ова била првичната порака на фотографијата, меѓутоа коментарите многу брзо се развиваа во друг правец.
Едни коментираа дека ова е претерано и невозможно, додека другите ја советуваа да и се заблагодари на мајката природа и генетиката.
Кој е вашиот коментар за оваа совршено затегната мајка?