Лејди Гага е новото заштитно лице на Версаче
- Детали
- понеделник, 25 ноември 2013
Пред само неколку недели започнаа да се шират гласини за гламурозната соработка на Версаче и Лејди Гага, а пред само неколку часа нивната соработка беше официјално потврдена.
На Твитер профилот на Версаче е објавена е фотографија од ексцентричната пејачка во нежно виолетова тоалета со потпис на врвниот бренд, заедно со зборовите:
„Версаче со задоволство потврдува дека Лејди Гага е новото заштитно лице за кампањата пролет/лето 2014, снимена пред објективот на Мерт и Маркус.“
Лејди Гага, за прв пат по оваа објава, се појави на Американските музички награди во светло виолетова тоалета на црвениот тепих, додека во текот на настанот промени уште 3 фустани од колекцијата на Версаче.