Моден колаж од црвениот тепих на Американските музички награди (фото)
Синоќа беше одржано 41то издание на Американските Музички награди во Лос Анџелес. На црвениот тепих на овој настан се појавија огромен број на ѕвезди, но не сите успеаа ја остават позитивен моден впечаток.
Модниот колаж кој го создадоа на овој музички настан беше невозможен да се опише со само еден збор.
Некои од познатите одбрале едноставни и кратки фустанчиња, додека некои од нив заблескаа во долги, свечени тоалети.
Џенифер Хадсон имаше неуспешен експеримент со впечатлив, портокалов фустан од Кристијан Диор, додека Хајди Клум носеше црна тантела со потпис на Маркеза.
Кеша носеше нијансиран фустан, а Ријана одбра дводелен фустан кој јасно ја следеше формата на нејзиното тело.
Што облекоа сите останати ѕвезди на Американските музички награди? Погледнете...