Бернадет од серијата „The Big Bang Theory“ е секс бомба (фото)
- Детали
- вторник, 19 ноември 2013
Актерката Мелиса Рауч (33) од бубалица се претвори во секс бомба за фотосесијата на магазинот „Мaxim“. Таа е провокативна и секси и никако не би помислиле дека е истата онаа малечка мила и скромна девојка Бернадет, која работи во кафуле и се дружи со бубалици.
Таа во интервјуто открива дека повеќе се соживува со ваквиот изглед од фотосесијата, отколку со улогата во серијата.
Смета дека единствена допирна точка со Бернадет ѝ е тоа што и во реалниот живот додека студирала и таа работела во кафуле.
Оние кои ја гледаат серијата сигурно не би ја препознале веднаш.
Но, кога ќе ѝ ги тргнете очилата, ќе ја расоблечете и ќе ја фотографирате во провокативни пози, тогаш сигурно би го извадиле најдоброто и најсексапилното од секоја навидум скромна и повлечена девојка.