Фифи: Не се плашам од Жељко Јоксимовиќ. Јас сум стрејт жена и сакам мажи!

Девојката во тело на момче, Филип Јаневски – Фифи (22) која минатата недела привлече големо медиумско внимание кога се појави на сцената на „Х – фактор“ и по негативните критики на Жељко Јоксимовиќ, доби поддршка од поголемиот дел од јавноста.

fifi-ne-se-plasam-od-zeljko-joksimovik-jas-sum-strejt-zena-i-sakam-mazi-01

Македонскиот транссексуалец ексклузивно за српскиот портал Press OnLine, раскажува за својата сексуална ориентација и  открива дека е „вистинска жена“, а во согласност со тоа е и неговата сексуална фантазија.

- Јас сум стрејт жена и сакам мажи – кратко одговорил Филип Јаневски, кој сосем рационално ја прифати критиката на Жељко Јоксимовиќ, кој и покрај тоа што му призна дека добро пее, сепак, бидејќи не му се допадна тоа што го гледа се одлучи да гласа со „Не“.

- Во животот научив разумно да прифаќам каква било крититка, бидејќи секој човек има право на свое мислење. Јас не можам да променам нечиј став, како што ни другите не можат да го променат мојот. Бев подготвена на секаква реакција – изјавила Фифи, која со три „Да“ од останатите членови на жирито го продолжува натпреварувањето во вториот круг на „Х – фактор Адриа“, каде повторно ќе се сретне очи в очи со Жељко Јоксимовиќ.

- Јас не се плашам од ништо. Не се плашам ниту од Жељко Јоксимовиќ. Сум имала непријатни ситуации уште како мала, но секогаш сум знаела како да се соочам со тоа. На почетокот на мојата кариера никој не обрнуваше внимание на моето пеење, сите ме гледаа само како трансродна личност, а многу малку како пејачка – открива Фифи.

- Пеам откако знам за себе. Пеењето е моја најголема страст во животот. Сум учествувала на разни фестивали и манифестации во Македонија и имам снимено неколку песни и спотови.

Погледнете го уште еднаш настапот на Фифи, па одлучете дали треба да го поддржите поради одличните гласовни можности и пејачки квалитети или да го отфрлите поради изгледот и сексуалната ориентација.

Би можело да ве интересира:

Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg