Трансексуалецот Фифи го воодушеви жирито на Х Фактор (видео)
Филип Јаневски, подобро познат за јавноста како Фифи, го запрепасти жирито на Х Фактор со својата појава и глас. Додека Емина и Кристина беа воодушевени, Жељко Јоксимовиќ призна дека никако не му се допаѓа и покрај тоа што има убав глас.
Фифи ја отпеа песната, а публиката западна во транс уште во првите тактови, додека Кристина и Емина аплаудираа.
- Какво освежување си ти, немам замерки, имаш ангелски глас - рече Ковачева, а Кики и Емина само се надоврзаа поддржувајќи го Фифи.
- Имаш став и одлично се снаоѓаш на штикли, навистина си прекрасен!
Жељко беше зачуден уште при самата појава на Фифи, па го замоли да отпее уште една песна за да го разубеди во неговите способности.
Иако Филип се потруди да се покаже, со тоа што ја отпеа песната Beautiful од Кристина Агилера, не успеа да го разубеди и да го добие огромното ДА на Жељко.
Погледнете го настапот кој ја крена на нозе целата публика: