Пејачката Дафи се појави првпат по 10 години: Исчезна, па откри дека била киднапирана и силувана со недели
- Детали
- четврток, 27 март 2025
Јавноста ја нема видено пејачката Дафи цели 10 години. Пред 5 години, таа откри дека била киднапирана и силувана и затоа се повлекла од јавноста, но трауматичното искуство го сподели преку есеј и не си го покажа лицето. Но, веројатно сега е подготвена да ѝ се врати на музиката.
Русокосата пејачка Дафи која се прослави поради уникатниот музички стил и специфичниот глас целосно се повлече од јавноста.
Никој ја немаше видено цели 10 години, сè досега.
Иако се повлече од јавноста, во 2020 година Дафи објави емотивен есеј во кој открива дека била држена во заробеништво и силувана.
Никој не ја виде Дафи ни во периодот кога го издаде есејот, а веднаш потоа како повторно да исчезна.
Сега, на ТикТок профилот на групата Emotion имаше најава за соработка со Дафи.
На профилот е споделено видео на кое пејачката пее на ремикс од нејзиниот хит Mercy, а ова е нејзиното прво појавување во јавност по цела деценија.
@emotion.hq Some of you asked if Duffy was really doing a UK Garage remix with us… #duffy #newmusic #ElectronicMusic #ukgarage #dancemusic #remix
♬ Mercy UK Garage Remix - exoglidemusic
Во коментари, фановите ја покажуваат својата радост што повторно ја гледаат пејачката.
„Дафи! Каде беше?!“
„Мило ми е што се врати“.
„Добредојде назад Дафи. Ни недостасуваше“.
„Многу ја сакам Дафи, помина низ пекол. Се молам дека сега е подобро“.
Од социјални мрежи, Дафи има единствено Инстаграм профил со една објава од 2020 година, а коментарите се исклучени.
Објавата е црно-бела фотографија од неа, придружена со нејзината последна објавена песна – River in the Sky.
Засега таа нема споделено ништо за враќањето на музичката сцена, но фановите сметаат дека конечно ќе имаат можност да го видат и нејзиниот камбек.
Пејачката од Велс се проби на светската музичка сцена во 2007 година, со синглот Rockferry.
Следната година ја издаде песната Мercy, која беше огромен хит и кај нас, а освои и неколку важни награди, вклучувајќи и Греми.
Откако го издаде вториот албум во 2011 година, реши да направи пауза од музиката и неколку години потоа, целосно се повлече од јавност.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





