Пејачката Дафи се појави првпат по 10 години: Исчезна, па откри дека била киднапирана и силувана со недели
Никој не знаеше ни каде е, ни што прави Дафи, сè до потресното сведоштво во 2020 година.
Пејачката откри дека била киднапирана во период од четири недели и била силувана.
Дафи била во ресторан каде го прославувала својот роденден, кога некој ја издрогирал и ја киднапирал.
„Ми беше роденден, бев издрогирана во ресторан, а потоа бев дрогирана во период од четири недели и однесена во друга држава. Не се сеќавам како сум се качила на авионот…
Ме ставија во хотелска соба и напаѓачот дојде и ме силуваше...
Размислував да побегнам во друг град, додека спиеше, но немав пари и се плашев дека ќе викне полиција и ќе ме бараат како исчезната личност.
Не знам како имав сила да ги издржам тие денови“.
Дафи вели дека потоа киднаперот ја вратил во нејзиниот дом, и овој пат таа била свесна, но била преплашена да направи што било.
„Летав назад (до Велс) заедно со него, бев смирена колку што е можно во таква ситуација и кога стигнав дома бев како зомби.
Знаев дека животот ми е во опасност, тој ми призна дека сака да ме убие“.
Киднаперот ја држел Дафи заробена уште некој период во нејзината куќа.
Кога ја ослободил, Дафи вели дека била преплашена да оди кај надлежните бидејќи мислела дека напаѓачот ќе успее да ја лоцира.
Трауматичниот настан ја натерал да се повлече од музичката сцена, а проблемите со менталното здравје кои следеле ја оддалечиле од семејството и пријателите.
Дафи откри дека се селела дури петпати пред да почне да се чувствува барем малку безбедно во својот дом.
Пејачката сепак отишла во полиција двапати – еднаш откако некоја ја уценувал дека ќе ја продаде приказната за киднапирањето на медиумите, и уште еднаш откако во нејзиниот дом упаднале тројца мажи.
„По инцидентот, не гледав никој жив, некогаш со недели бев сама. Ги соблекував пижамите, ги фрлав во огнот и облекував нови.
Косата ми се заплеткуваше бидејќи не ја чешлав додека тагував и на крај ја потстрижав цела“.
Дафи не открива кога точно се случило киднапирањето, но кажа зошто ја споделила приказната толку години подоцна:
„Го споделувам ова бидејќи живееме во болен свет и повеќе не се срамам дека нешто длабоко ме повреди.
Верувам дека ако зборувате од вашето срце, срцата на другите ќе одговорат.
Колку и да е мрачна мојата приказна, зборувам од моето срце, за мојот живот и за животите на другите кои го поминале истото.
Не се срамам да ви кажам дека исто така, поминав десет години потполно сама и уште ме боли кога пишувам за ова“.
Во емотивниот текст, Дафи истакнува дека ќе ѝ се „врати на тишината“, односно ќе се држи настрана од јавност додека не се почувствува подготвено да се соочи со светот.
„Сега можам да ја оставам оваа деценија зад мене. Во минатото, каде што припаѓа. Се надевам дека повеќе ќе нема да прашувате што ѝ се случи на Дафи.
Сега знаете. И, јас сум слободна“, завршува нејзиниот есеј.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





