Кристина Еплгејт брутално искрена за борбата со мултипла склероза: „Во 3 години, 30 пати бев хоспитализирана“
- Детали
- петок, 21 март 2025
„Во трите години откако бев дијагностицирана, над 30 пати бев во болница поради повраќање и дијареја. Ми ги направија сите тестови што постојат“, вели Кристина Еплгејт за непријатните и неочекуваните симптоми што ги чувства по дијагнозата со мултипла склероза.
Низ годините, актерката Кристина Еплгејт се соочила со низа проблеми со здравјето.
Во 2008 година, на актерката ѝ беше направена двојна мастектомија поради рак на дојка.
Потоа, во 2017 година одлучи да ги отстрани јајниците поради ризик од рак.
Сега, 53-годишната актерка води битка со мултипла склероза и откако ја откри дијагнозата, отворено зборува за болеста.
Кристина е жена-борец која и по дијагнозата продолжи да снима, барем извесен период.
А, иако сега користи бастун, повремено се појавува на настани и гостува во емисии.
Неодамна, таа беше гостинка на поткастот на актерката Џејми Лин Сиглер каде што откри нови детали за својата борба.
Актерката зборуваше за проблемите со дигестивниот систем кои најверојатно ѝ ги предизвикала болеста.
„Секој ден повраќав и имав дијареја. Во трите години откако бев дијагностицирана, бев во болница над 30 пати поради повраќањето и дијарејата. И, болката што ја чувствувам е незамислива“:
Кристина отворено зборува за болеста со надеж дека барем малку ќе им помогне на другите кои страдаат од истата.
„Ми го направија секој тест што постои, не знам ни на колку радијација сум изложена од рендгенските снимки.
Не сум сигурна која е причината за ова што ми се случува, но разговарајте со вашиот лекар за проблемите со дигестивниот систем.
Бидејќи, мултипла склерозата ги забавува нашите органи – не целосно, но ја намалува нивната функција“, вели актерката.
Брутално искрена, Кристина додава дека секое одење во тоалет ѝ е пекол.
„Ќе бидам многу искрена – ако ми се оди во тоалет, повраќам. А, кога повраќам, чувствувам силна болка и наеднаш се случува сè. Како деловите од моето тело да се караат едни со други“.
Актерката вели дека лекарите ѝ кажале дека овие симптоми можеби не се од мултипла склероза, но дека ќе прави дополнителни тестирања:
„Сигурна сум дека има некаква поврзаност со болеста“.
Претходно, Кристина откри дека по дијагнозата морала да носи пелени.
Сепак, актерката останува позитивна и се шегуваше дека барем ѝ се допаѓале цветните декорации на пелените за возрасни.
Прочитјате и: „Го изгубив животот“: Кристина Еплгјет (50) се отвори за мултипла склерозата откако го победи ракот на дојката и ги отстрани јајниците
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





