Скарлет Јохансон има едно правило за фотографирање со фанови, кое е навредливо за нив
- Детали
- сабота, 15 март 2025
„Моето правило навистина навредува многу луѓе. Тоа не значи дека не сум благодарна што луѓето ми се фанови или што се среќни што ме гледаат“, вели холивудската актерка Скарлет Јохансон.
Скарлет Јохансон има едно правило што сака нејзините фанови да го следат кога ѝ приоѓаат за фотографии.
Ако некогаш налетате на славна личност, голема е шансата дека ќе посакате да направите фотографија со неа за да го овековечите моментот.
Но, има соодветно време и место за такви фотографии, смета Јохансон.
На пример, ако ја забележите вашата омилена филмска ѕвезда во тоалетот, можеби навистина не е соодветно место и време за да ѝ пријдете.
Јохансон има едно правило кога станува збор за селфи со фановите, и очигледно тоа прави некои од нив да се почувствуваат „навредени“.
Актерката за магазинот InStyle на оваа тема изјави: „Работата со тоа да се биде јавна личност е што идејата да бидеш препознатлив и славен звучи забавно, но потоа никогаш не можеш да го вратиш тоа назад, односно да бидеш анонимен и да поминеш незабележано.
И реалноста е дека тоа не е лесно“.
Јохансон вели дека не секогаш е подготвена да позира за фотографии со фановите и нејзиното правило е да ги ограничува ваквите интеракции само на настани (а не да позира со фанови додека си се шета лежерно во сабота попладне).
Зборувајќи за своето правило, Јохансон откри:
„Ова навистина навредува многу луѓе. Тоа не значи дека не сум благодарна што луѓето ми се фанови или што се среќни што ме гледаат.
Но, секогаш им велам на луѓето: ‘Не сум на работа.’ Односно, не сакам да бидам идентификувана дека сум тука сега со вас.
Јас сметам дека тоа е апсолутно фер, ако ме прашувате мене“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





