„Одвратни сте“ – Актерка остана бремена од прибратот, а нивната врска постојано е мета на критики
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
„Ова е одвратно, како можеш да бидеш во брак со прибратот?“ - овие се некои од коментарите упатени до австралиската актерка Скарлет Вос, откако таа објави дека е во врска со својот полубрат. Но, тоа не ги спречи да стапат во брак и заедно да основаат семејство.
Скарлет Вос (29) е австралиска актерка која се прослави со улогата во серијата Neighbours (Соседи), во која во минатото играа Марго Роби и Кајли Миног.
Скарлет во серијата, во 2018-та година ја играше улогата на полицајката Мишти Шарма.
Во последните неколку години, таа многу повеќе внимание привлекува со својот приватен живот отколку со кариерата.
Иако не се во крвно сродство, сепак, за многумина нејзиниот брак со полубратот Тајо Ричи (29) е скандалозен и неприфатлив.
Скарлет и Тајо се запознале како тинејџери во Мелбурн, но подоцна, станале прибрат и присестра кога нивните родители одлучиле да стапат во брак.
„Имавме 13 години кога се запознавме преку заеднички пријатели. Нашите семејства се познаваа и на некој начин тие нè запознаа. Се познаваме многу долго време“ – раскажа Скарлет.
Но, и покрај тоа што нивните родители стапиле во брак, Скарлет и Тајо не можеле да им одолеат на емоциите и започнале љубовна врска.
Минатата година, парот стапи во брак и направија романтична венчавка на Миконос во Грција, а сега објавија дека Скарлет е бремена и заедно очекуваат девојче.
Тие ги користат социјалните мрежи за да ги нормализираат врските и браковите помеѓу членовите на проширени семејства, кои не се во крвно сродство.
Таа е во 37-мата недела од бременоста и на Инстаграм објави фотографии и видеа на кои е со труднички стомак и со прибратот/сопругот објавија дека го чекаат првото дете.
„Бебето Ричи. Нашето божиќно чудо“ – напишаа тие до видеото.
Но, во коментарите до видеото, очекувано, имаше и голем број критики од луѓето што сметаат дека нивната врска не е во согласност со моралните вредности.
„Кога прибрат и присестра имаат бебе, дали тоа ќе биде прибебе?“;
„Ова е одвратно“;
„Одвратни сте!“ – се само некои од коментарите што парот редовно ги добива на социјалните мрежи.
Во една пригода Скарлет рече дека воопшто не обрнува внимание на негативните коментари затоа што тие двајца се заедно и покрај сè.
„Ако нешто е навистина негативно, можеби ќе им одговориме, вообичаено тогаш замолкнуваат“ – рече таа во една пригода.
Инаку тие двајца се во врска 10 години, а пет години претходно живееле во САД, подалеку од познаниците во Австралија, но во последните 5 години се вратиле во родната земја.
Б. С. Б. | Црнобело