Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од американското шоу „Сè или нешто“, до војвотка и непријател на кралското семејство: Трансформацијата на Меган Маркл

Се проби со улогата во Suits

Единствената голема улога на Меган е во серијата Suits.

Овде, таа имаше една од главните улоги, а подоцна откри дека и самата била изненадена од успехот на серијата.

„Снимив први епизоди од безброј серии кои никогаш не беа емитувани. Па, не очекував дека Suits ќе се прослави“.

od-amerikanskoto-shou-se-ili-neshto-do-vojvotka-i-neprijatel-na-kralskoto-semejstvo-transformacijata-na-megan-markl-07.JPG

Првпат се венча на 30-годишна возраст

Првиот сопруг на Меган е актерот и продуцент Тревор Енгелсон.

Тие биле заедно дури седум години пред да се венчаат во Јамајка.

Сепак, се разделија само две години подоцна и никогаш не открија зошто.

Според извори блиски до Меган, таа била иницијаторот и наводно му го вратила прстенот на Тревор по пошта.

od-amerikanskoto-shou-se-ili-neshto-do-vojvotka-i-neprijatel-na-kralskoto-semejstvo-transformacijata-na-megan-markl-08.JPG

Врската со принцот Хари ѝ го промени животот

По Suits, Меган не успеа да добие значајна улога, но затоа, пак, врската со принцот Хари направи пресврт во нејзиниот живот.

Тие се запознале во 2016-та, а ја потврдија врската следната година.

Хари има изјавено дека немал поим дека е актерка, но наводно веднаш се вљубил во неа.

od-amerikanskoto-shou-se-ili-neshto-do-vojvotka-i-neprijatel-na-kralskoto-semejstvo-transformacijata-na-megan-markl-09.JPG

Стана војвотка

Нешто повеќе од една година откако ја почнаа врската, Меган и Хари се свршија. И, Меган стана една од најпознатите жени во светот.

Направија кралска венчавка во 2018-та, со што Меган ја доби и титулата војвотка.

Но, постепено се претвори во најголемиот непријател на кралското семејство.

До 2019 година, Меган и Хари го заладија односот со кралското семејство.

Меган, во стилот на покојната принцеза Дијана, даде неколку интервјуа и изјави во кои го напаѓа кралското семејство, а ги обвинува и за расизам.

Драмата кулминира во 2020-та, кога Меган и Хари официјално се откажаа од кралските должности и се преселија во САД.

Со ова, Меган стана еден од најголемите непријатели на британското кралско семејство.

od-amerikanskoto-shou-se-ili-neshto-do-vojvotka-i-neprijatel-na-kralskoto-semejstvo-transformacijata-na-megan-markl-10.JPG

Со Хари направи неколку (неуспешни) проекти

Меган и Хари снимија документарец за Нетфликс кој не доби најдобри критики.

Потоа Меган започна свој поткаст, но не успеа да потпише договор за втора сезона.

Неодамна, пак, објави свое шоу на Нетфликс, налик емисиите на Марта Стјуарт и иако доби лоши оценки и критики, наводно ќе се снима и втора сезона.

od-amerikanskoto-shou-se-ili-neshto-do-vojvotka-i-neprijatel-na-kralskoto-semejstvo-transformacijata-na-megan-markl-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg