Од американското шоу „Сè или нешто“, до војвотка и непријател на кралското семејство: Трансформацијата на Меган Маркл
- Детали
- сабота, 15 март 2025
Додека (безуспешно) пробувала да се пробие во Холивуд, Меган Маркл била дел од американската верзија на шоуто „Сè или нешто“ и нејзината задача била да го отвора кутиите. Оттогаш, таа стана актерка во хит-серија, војвотка и на крај домаќинка со свое шоу на Нетфликс.
Животот на Меган Маркл се има драстично променето.
Од надежна актерка со една значајна улога, преку војвотка, до жена која многумина ја гледаат како најголемиот непријател на кралското семејство – Меган навистина видела и проживеала многу.
Како се менуваше нејзиниот живот низ годините?
Нејзините родители се од различни раси
Додека таткото на Меган е белец, мајка ѝ е Афроамериканка, а од неа Меган ја наследила густата виткана коса.
Нејзините родители се развеле кога имала шест години, а детството го поминала во област каде немало многу Афроамериканци.
Поради ова, неретко луѓето мислеле дека нејзината мајка ѝ е дадилка.
„Не гледав многу луѓе како мене. Во основно ме тераа да избираам која раса сум, нешто што ми беше многу чудно“, има изјавено таа.
Татко ѝ бил дел од забавната индустрија
Таткото на Меган работел на популарната серија Married… with Children како оперативец на светло, па тој ја внел во филмската индустрија.
Како дете, многупати ја носел на сетот каде што запознала бројни влијателни луѓе од индустријата.
И, сето ова искуство било причина да посака да стане актерка.
Првите улоги што ги добивала биле за реклами
Како многу холивудски ѕвезди, и Меган ја почнала актерската кариера со телевизиски реклами.
Се појавила и во неколку музички спотови, а наводно отишла на аудиција и за спот на Шакира, но била одбиена.
Имаше улога во сапуница
Во 2002 година, Меган доби улога во американската сапуница General Hospital.
Сепак, ова не беше некој значаен момент од нејзината кариера бидејќи во епизодата глуми медицинска сестра која кажува само неколку реплики.
Во меѓувреме, добивала и други мали улоги, но главно не заработувала многу како актерка.
Беше дел од американската верзија на „Сè или нешто“
Бидејќи не била доволно платена како актерка, Меган станала дел од американската верзија на шоуто „Сè или нешто“ (Deal or No Deal) и нејзината задача била да ги отвора кутиите во кои се скриени сумите пари.
Меган има изјавено дека од оваа работа научила многу и ѝ помогнала да сфати што сака да прави во животот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





