Бившата свршеница на Лиам Пејн прозборе првпат по смртта: „Испраќаше мои голи фотки на други, дрогата нè раздели“
- Детали
- четврток, 13 февруари 2025
Лиам Пејн и поранешната свршеница Маја Хенри се разделија во 2022-ра, најмногу поради неговата зависност. Сега, Маја вели дека Лиам се претворал во друга личност под дејство на дрога и толку многу ја повредувал, што ѝ било тешко да тагува за него.
Поранешната свршеница на Лиам Пејн реши да се огласи за нејзината врска со пејачот, истакнувајќи дека бил далеку од совршена личност и дека неговата зависност од дрога создала раздор меѓу нив.
Лиам и 24-годишната Маја Хенри беа заедно од 2018 до 2022 година, а притоа многупати раскинуваа и се смируваа.
„Тој беше личност што ја сакав многу. Најмногу, неговата зависност од дрога не оддалечи. Секој кој бил во врска со зависник знае колку е тешко“, вели Маја за Rolling Stone.
Лиам падна од балкон во хотел во Аргентина, а анализата покажа дека во организмот имал алкохол, кокаин и антидепресиви. И, Маја вели дека зависноста била проблем кој траел со години.
„Иако го сакав, направи работи кои никогаш нема да ги разберам и продолжи да ме повредува со години откако раскинавме. Кога беше под дејство на дрога, се претвораше во непрепознатлива личнност – како некој потполно друг. По секој инцидент се надевав дека тоа ќе го свести, но тоа никогаш не се случи. Го сакав толку многу, што се убедував дека можам да поправам сè“.
Маја додава дека поради Лиам се нашла во бројни опасни ситуации, но пробувала да ги игнорира предупредувачките знаци.
„Знам дека имаше делови од него, од неговиот идентитет со кои не можеше да се соочи. На крај, не беше само зависноста или неговите предавства причина за раскинувањето, туку тоа што сфатив дека потрошив години на нешто погрешно“.
Во новата изјава, Маја се потсетува и на нејзините обвиненија против пејачот, пред неговата смрт – тој испраќал нејзини голи фотографии на негови фанови.
„Откако дознав за моите фотографии кои ги споделувал без мое одобрение – фотографии што ги доби додека бевме заедно – се соочив со комплексноста од тоа да тагувам за некој што ми значел, без разлика колкава болка ми предизвикал“.
Според Маја, таа добила порака од непозната личност која ѝ кажала дека се допишувала со Лиам.
Лиам ја прашал оваа личност дали сака голи фотографи од неа, на што таа одговорила „апсолутно не“.
Маја била сигурна дека Лиам испраќал нејзини интимни фотографии на потполно непознати луѓе.
А, на Маја и нејзиното семејство им испраќал „вознемирувачки фотографии и видеа, вклучувајќи и сексуална содржина со него“.
За Rolling Stone зборуваат и извори блиски до поранешниот пар кој велат дека Лиам се однесувал мошне лошо и кога бил под дејство на дрога, си испраќал експлицитни пораки со фанови, па дури и најмувал проститутки.
Еден од изворите вели дека Маја не ни била свесна колку е сериозен проблемот на Лиам со дрогата.
„За него беше нормално да користи кокаин, кетамин, MDMA и лекови. На крај, почна да користи и хероин“.
Во 2022-ра, Маја одлучила да стави крај на нивната свршувачка.
Кратко пред неговата смрт, Маја побарала од нејзините адвокати да му испратат писмо на Лиам со закана дека ќе го тужи ако не престане да ја контактира и неа, и нејзиното семејство.
Повторно за Rolling Stone, се огласи и извор близок до татко му на Лиам.
Според изворот, татко му Џеф пробувал да го однесе во психијатриска установа и дал сè од себе за да го заштити.
Лиам ја почнал минатата година во лоша психичка состојба и бил на рехабилитација во Шпанија.
Неколку недели откако излегол, повторно им се вратил на пороците и татко му се обидувал да му помогне, но Лиам одбивал.
Состојбата му била толку лоша, што испуштил неколку важни интервјуа и договори.
Татко му и пред неговата смрт апелирал дека Лиам не треба да биде оставен сам, како ноќта кога трагично го изгуби животот.
Прочитајте и: Сосила го заклучиле во соба, сакал да побегне низ балконот – Откриено како Лиам Пејн паднал во сигурна смрт
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112597_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114850_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109616_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112601_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114250_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111309_400.jpg)