Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Опра низ солзи зборува за мајка ѝ што ја избркала од дома кога останала бремена: „Не можам да кажам ништо убаво за неа“

„Знам дека го правела тоа што знаела, но тоа не било доволно да бидам нахранета или да се чувствувам ценето. Па, престанав да се надевам дека ќе видам нешто друго од неа“, Опра Винфри со насолзени очи зборува за мајка си во нејзиниот подкаст.

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-01.jpg

Опра Винфри, која е можеби најбогатата и најуспешната водителка на светот, има живот исполнет со предизвици.

Едно од најпроблематичните нешта во животот на водителката е односот со нејзината покојна мајка – нешто за коешто Опра неколкупати има зборувано.

Неодамна, 71-годишната водителка повторно прозборе за мајка ѝ и тешкиот однос што го имала со неа.

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-07.jpg

Во разговор со психијатар кој беше гостин во нејзиниот подкаст, Опра изјави дека ѝ е тешко да најде добар збор за мајка си.

„Еднаш ме повикаа во црква да одржам говор за мајка ми. И, не можев да се сетам на ниту едно убаво нешто да кажам за неа“, зборува Опра додека пробува да ги задржи солзите.

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-06.jpg

Таа додава и дека постои само едно добро нешто што мајка ѝ го направила за неа:

„Не ме абортирала. Го правела она што знаела. Но, тоа што го знаела не беше доволно да ме нахрани или да направи да се чувствувам исполнето.

Не беше доволно да се чувствувам ценето, видено или дека сум ѝ важна. Не беше доволно.

Но, тоа беше најдоброто што можеше да го направи и јас престанав да се надевам дека ќе видам нешто друго“, раскажува Опра додека плаче.

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-10.jpg

Во коментарите на видеото, многу фанови покажуваат сочувство.

„Поминале децении, Опра заработила милијарди, а уште плаче кога зборува за мајка ѝ.

Родителите треба да разберат дека она што го прават и што им го кажуваат на децата, останува со нив засекогаш“.

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-05.jpg

Мајка ѝ на Опра – Верита Ли – почина во 2018-та на 83-годишна возраст.

Кратко по нејзината смрт, Опра зборуваше за последните мигови со мајка ѝ, истакнувајќи колку ѝ било тешко да се збогува со неа.

„Во болничкиот дом каде што беше мајка ми имаа мала книга за разговори.

Тогаш си помислив – зарем не е чудно? Јас сум Опра Винфри, а читам книга за што да ѝ кажам на мајка ми која умира.

На крај, ѝ реков ти благодарам. Ти благодарам бидејќи знам дека ти беше тешко да родиш дете како млада девојка.

Немаш образование. Немаш вештини. Имаш 17 години и бремена си. Многу луѓе би го дале бебето на посвојување. Многу луѓе би ти рекле да го абортираш.

Ти не го направи тоа. Знам дека беше тешко. Сакам да знаеш дека без разлика на сè, секогаш го даваше најдоброто од себе. И, гледај во каква личност се претворив јас“.

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-03.jpg

Целиот живот, мајка ѝ Верита работела како куќна помошничка.

Го запознала татко ѝ на Опра, Вернон, на 17-годишна возраст и по една ноќ со него забременила.

Ја родила Опра во 1954-та, но веднаш ја испратила кај мајка ѝ (бабата на Опра) за таа да се грижи за неа.

На 6-годишна возраст, ја изгубила баба ѝ откако починала, па Опра повторно се вратила кај мајка си.

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-09.jpg

Додека живеела овде, Опра ја доживеала најголемата траума од својот живот – била силувана од нејзин братучед.

Не е познат идентитетот на напаѓачот, но Опра има откриено дека нападите траеле подолг период, од нејзина 9-та, до нејзина 14-та година.

Мајка ѝ веројатно не била свесна за ова, но тоа што не успеала да ја заштити ќерка си сигурно имало влијание врз нивниот однос.

Како тинејџерка, поради траумите, Опра станала побунтовна и честопати бегала од дома, и на 14 години останала бремена. Па, мајка ѝ ја избркала од дома, односно ја испратила кај татко ѝ.

„Бегав од дома и скришно носев дечковци во мојата соба. На 14 години, мајка ми ме испрати кај татко ми“.

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-08.jpg

Опра го родила детето, но тоа починало само неколку недели подоцна.

Низ годините, Опра и мајка ѝ колку-толку го подобрија односот.

Опра ѝ помагаше финансиски и ѝ овозможи удобен живот во последните години.

Погледнете и: Била силувана на 9 години, свршена е со партнерот 25 години: Факти за Опра Винфри

opra-niz-solzi-zboruva-za-majka-shto-ja-izbrkala-od-doma-koga-ostanala-bremena-ne-mozham-da-kazham-nishto-ubavo-za-nea-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg