Има 9 деца од неколку жени и криминално досие – Кој е дечкото на Бритни Спирс, што ја теши по разводот?
- Детали
- петок, 07 февруари 2025
Минатата година Бритни си фати дечко кој има девет деца, криминално досие и кој се соочува со тужба бидејќи не плаќа алиментација. Му раскина бидејќи сметала дека ја искористува за пари, но изгледа дека сега се премислила и му дала уште една шанса.
Минатата година, Бритни Спирс се разведе од Сем Ашгари, а набрзо потоа си најде нов дечко – Пол Солис.
Но, извори блиски до пејачката открија дека сепак му раскинала бидејќи мислела дека ја искористува за пари.
Сега, пак, седум месеци подоцна, Бритни беше забележана со него и се шпекулира дека му дала уште една шанса.
Иако, се чини, Пол Солис е далеку од совршен партнер.
Што знаеме за дечкото на Бритни и нивната врска?
Пол Солис бил дел од послугата во домот на Бритни, а така и се запознале
Откако јавноста дозна за нивната врска, се огласи поранешната сопруга на Пол која откри загрижувачки детали за него.
Имено, Пол имал девет, а можеби и десет деца.
Три од нив добил со бившата сопруга Никол Мансила.
Во изјава за Daily Mail, таа откри дека уште биле во брак кога Пол првпат спиел со Бритни. Односно, практично имал афера со пејачката.
Тој не плаќал алиментација, а имал и криминално досие.
Во периодот кога ја почнале аферата, имал и условна казна, а живеел во домот на Бритни.
„Беше во брак, а сега си ги одрекува децата. Ги запоставува децата за неа (Бритни).
Има условна казна, па бидејќи живее во нејзината куќа, полицијата има право да ѝ го претресе домот“.
Поранешната сопруга на Пол Солис живее со мајка ѝ, која, пак, ја потврдува нејзината приказна.
„Има девет деца. Со ќерка ми имаат 1-годишно дете и не му обрнува внимание ни на тоа. Ужасен татко е.
Не плаќа алиментација за ниту едно дете, па тие живеат во мојата куќа. На ќерка ми ѝ е многу тешко. Ова се случува веќе пет години и не ја остава на мир“.
Мајк ѝ на Никол додава и дека повремено Пол барал да ги види децата, а Никол му дозволувала бидејќи сакала да имаат татко.
Сепак, воопшто не плаќал алиментација, а за ова поранешната сопруга имала поднесено и тужба.
Никол поднела барање за развод во октомври минатата година.
Пол имал старателство над три од неговите девет деца и честопати ги носел во домот на Бритни.
„Постојано си играат и децата донесоа живот и смеа во нејзиниот дом, а ова беше навистина потребно.
Сега нејзината куќа е исполнета со љубов“, изјави извор кога јавноста првпат дозна за врската.
Друг извор вели дека децата на Пол се како благослов за Бритни бидејќи ѝ недостасуваат нејзините синови.
Бритни исто така ги носела децата на патувања, а некогаш и се грижела за нив додека Пол имал други обврски.
Сепак, по неколку месеци, извори открија дека Бритни му раскинала на Пол бидејќи мислела дека ја искористува за пари.
„Бритни и Пол се разделија и ова е крај за нивната врска бидејќи таа сфати дека Пол ја искористува за нејзиниот луксузен живот“.
Друг извор вели дека Пол воопшто не бил добар партнер за Бритни.
„Бритни избра да си го зачува менталното здравје. Не се согласуваа и тој не ја третираше како што заслужува.
На Бритни ѝ е јасно дека ова беше минлив врска. Сега повторно е во контакт со нејзините деца и тоа ѝ е најважно.
Бритни сфати дека Пол е лош татко и ова беше неприфатливо за неа.
Истовремено, знаеше дека ако продолжи со него, ќе тргне по лош пат – сепак, неговото минато не е најдобро“.
Но, се чини дека Бритни се премислила бидејќи минатата недела беше забележана со него и две од неговите деца на игралиште во близина на нејзиниот дом.
За неговата поранешна сопруга, пак, Пол тврди дека е психички нестабилна личност.
Тој нема изјавено ништо друго ни за врската со Бритни, ни за неговите девет деца.
Спирова С. | Црнобело