„Се измачува со него уште откако се венчаа“: Другарките ја молат Хејли Бибер да го остави Џастин

На последните папарацо фотки Џастин Бибер изгледа загрижено, па дури и остарено, а во меѓувреме другарките ја молеле Хејли да го остави бидејќи имало периоди кога не ѝ зборувал со денови на сопругата. Што се случува со нивниот брак?

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-01.jpg

Откако почна драмата со Пи Диди и низата обвиненија против него, јавноста се сврте и кон неговото пријателство со Џастин Бибер.

Се појавија гласини дека 30-годишниот пејач бил уште една од многуте жртви на Диди.

Во меѓувреме, според папарацо фотките, но и изјави од извори блиски до пејачот, менталното здравје на Џастин како постојано да се влошува.

Наводно, сега ситуацијата била толку лоша, што другарките ја молеле Хејли Бибер да го остави – нешто што се шпекулира дека веќе ѝ е во план.

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-11.JPG

И последните папарацо фотки од пејачот се згрижувачки.

Џастин беше забележан во Њујорк во лежерна облека.

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-6.JPG

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-03.JPG

Пејачот изгледа загрижено, гневно, па дури и остарено.

Во еден миг се допираше и меѓу нозе.

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-2.jpg

Истиот ден, Хејли беше забележана во друга област од Њујорк, сама, и за разлика од Џастин изгледаше во подобро расположение – дури и им мавташе на папараците.

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-07.JPG

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-0.JPG

Гласините за разводот на парот одново се засилија откако фановите забележаа дека Џастин повеќе не ја следи Хејли на Инстаграм.

На ова, Џастин само одговори дека некој му го хакирал профилот и затоа повеќе не ја следел Хејли.

За Daily Mail, пак, извори блиски до парот велат дека Џастин станува неподнослив и Хејли веќе нема сила да го трпи.

„Хејли се измачува со Џастин уште од почетокот на нивниот брак. Многу го сака, но тој е непредвидлив.

Некои пријателки ја советуваат да го остави. Некогаш неговото однесување е неприфатливо. Хејли се справува со многу предизвици“.

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-05.JPG

Хејли се надевала дека откако ќе добијат дете, и пејачот ќе се промени, но ситуацијата останала иста.

„Кога се роди бебето, Џастин беше тука за неа и таа се понадева дека родителството ќе го смени. Но, набрзо си се врати на старите навики“.

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-02.JPG

Хејли разбирала дека Џастин е под стрес и поради случајот со Диди, и поради бебето, но тој не ја прифаќал нејзината помош.

„Хејли навистина се обидува да му ја даде на Џастин потребната помош. Но, тој не сака кога му кажуваат што да прави и некогаш одбива да ѝ зборува со денови.

Живеењето со Џастин е стресно бидејќи тој си прави како што му одговара.

Некогаш е мошне непријатна личност и кога е таков, Хејли му дозволува да прави што сака бидејќи знае дека по неколку денови, расположението ќе му се подобри“.

ja-molat-da-go-ostavi-ne-zboruva-so-denovi-drugarkite-na-hejli-biber-zagrizheni-za-brakot-so-dzhastin-08.JPG

Засега парот се нема огласено за проблемите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Немале секс пред бракот, не користат телефон во кревет – Необични факти за Џастин и Хејли Бибер Во една пригода Џастин откри дека не можат да си одолеат еден на друг кога се до...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg