„Отсекогаш знаев дека сакам да сум жена“: Која е Карла Софија Гаскон, првата трансродова актерка номинирана за Оскар?

Поради работата, со сопругата живееле во Мексико, а Карла вели дека се чувствувала сè позаробено во своето машко тело.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-04.JPG

Го влошила односот со сопругата, а почнала и афера со друга жена на која ѝ кажала дека не сака да го промени полот. Љубовницата прво ја охрабрила да ја почне транзицијата и ѝ понудила помош, но потоа ја оставила.

„Ми рече дека ќе биде со мене засекогаш, но ме излажа“.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-08.JPG

Таа ја почнала транзицијата, но менталното здравје почнало да ѝ се влошува до тој степен, што почнала размислувала за самоубиство.

И, овој период од животот почнала да пишува – сакала да ги запише сите свои мисли и чувства пред да посегне по животот.

Но, текстот постепено се претворил во книга, односно мемоари кои ги издаде во 2018 година.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-02.JPG

Книгата ја издала под машкото име – Карлос Гаскон – иако дотогаш веќе ја имала почнато транзицијата.

Со книгата, вели, на некој начин го најавила својот нов идентитет – Карла Софија Гаскон.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-03.JPG

Сопругата ѝ простила, но Карла се шегува дека не ѝ било сеедно кога ја видела како жена.

„Отсекогаш знаеше која сум. Но, се претвори во камен кога ме виде како жена“.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-9.JPG

Карла добила поддршка и од другите членови од семејството.

По транзицијата, почнала да добива женски улоги, за во 2022-ра да ѝ биде понудена главната улога во филмот Emilia Pérez.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Се откажала од кариерата како модел, побегнала во САД откако картелите го убиле брат ѝ – помалку поз... Татко ѝ имал ранч со фарма, а затоа што биле финансиски добро ситуирани постојан...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg