Дечкото на Кајли Џенер се прошета со женска чанта - и не му е првпат (фото)

Двапати во еден месец, Тимоти Шаламе беше забележан со женски Chanel чанти, па јавноста почна да се шегува дека можеби си позајмува облека од девојка му Кајли Џенер. Актерот веќе е препознатлив по смелите комбинации.

pozajmuva-obleka-od-kajli-timoti-shalame-prosheta-so-zhenska-chanel-chanta-najsmelite-autfiti-na-akterot-foto-01.jpg

Тимоти Шаламе веќе е препознатлив по уникатниот моден стил и не се плаши да експериментира, особено кога се појавува на црвен тепих.

Сепак, со последниот моден избор стана мета на шеги.

Дечкото на Кајли Џенер беше забележан со минијатурна женска Chanel чанта во розова металик боја.

pozajmuva-obleka-od-kajli-timoti-shalame-prosheta-so-zhenska-chanel-chanta-najsmelite-autfiti-na-akterot-foto-04.JPG

29-годишниот актер ја искомбинира чантата со розова јакна, фармерки, розов шал и капа.

Твитерџиите, пак, почнаа да се шегуваат дека сигурно ѝ ја украл на девојка му Кајли.

„Си позајмува од колекцијата на Кајли“, гласи еден од многуте слични коментари.

pozajmuva-obleka-od-kajli-timoti-shalame-prosheta-so-zhenska-chanel-chanta-najsmelite-autfiti-na-akterot-foto-03.JPG

A, ова ова не е првпат актерот да се појави со минијатурна женска чанта од истиот бренд.

Пред нешто повеќе од една недела, додека даваше автограми во Париз, актерот носеше уште помала Chanel чанта, овој пат во сина боја.

Чантата имаше и златно ремче.

pozajmuva-obleka-od-kajli-timoti-shalame-prosheta-so-zhenska-chanel-chanta-najsmelite-autfiti-na-akterot-foto-07.JPG

Актерот ја искомбинира со спуштени фармерки, црно-сива јакна и бејзбол капче.

И тогаш беше мета на шеги, а бидејќи станува збор за навистина мал модел, некои се шегуваа дека можеби позајмил и чанта од Сторми – ќерка ѝ на Кајли Џенер.

pozajmuva-obleka-od-kajli-timoti-shalame-prosheta-so-zhenska-chanel-chanta-najsmelite-autfiti-na-akterot-foto-06.JPG

pozajmuva-obleka-od-kajli-timoti-shalame-prosheta-so-zhenska-chanel-chanta-najsmelite-autfiti-na-akterot-foto-05.JPG

Некои, пак, ги критикуваа неговите спуштени панталони.

„Мислам дека овој тренд од 1990-тите не треба да се врати.

Уште се сеќавам на училишните денови кога наставничката им велеше на некои деца ’Кренете ги панталоните, никој не сака да ви ја гледа долната облека‘“.

pozajmuva-obleka-od-kajli-timoti-shalame-prosheta-so-zhenska-chanel-chanta-najsmelite-autfiti-na-akterot-foto-02.JPG

Како што веќе спомнавме, Тимоти е познат по смелите комбинации и важи за актер кој не се плаши да експериментира и со облека што изгледа поженствено.

Прочитајте и: „Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер?

Во продолжение, дел од најсмелите и највпечатливите комбинации на актерот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg