Синди Крафорд виновна за раскинувањето на ќерка ѝ и Остин Батлер - супермоделот со ултиматум за актерот
- Детали
- четврток, 09 јануари 2025
Не е првпат Синди Крафорд и нејзиниот сопруг да се мешаат во љубовниот живот на нивната ќерка - тие беа причината што Каја претходно раскина и со комичарот Пит Дејвидсон.
Супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренде Гербер се виновни што нивната ќерка Каја Гербер (23) и актерот Остин Батлер (33) раскинаа по 3 години врска, пишуваат светските медиуми.
Веста за раскинувањето на еден од омилените млади парови во Холивуд дојде како изненадување за многумина, бидејќи делуваа среќни и заљубени во јавноста.
Неофицијално, Каја и Остин раскинале кон крајот на 2024-та година, а причината за тоа е ултиматумот што му го поставиле Синди и Ренде на младиот актер.
Тие, наводно, биле загрижени дека нивната ќерка си ги „троши“ најубавите години од животот на врска која не оди никаде.
Затоа, го повикале Батлер во нивниот дом, за да го прашаат кои се неговите намери во однос на нивната ќерка и дали планира да ја запроси.
„Не дека тие мислеа дека Остин не е сериозен во однос на Каја, но факт е дека тој веќе има 33 години, па време му е да се смири и да основа семејство.
Ако тоа не го направи сега, а заедно се долго време, најверојатно нема намера да се ожени со Каја, а тоа не им се допадна на Синди и Ренде“, рекол анонимен извор за Daily Mail.
Според истиот извор, ѕвездата на филмот Elvis, им кажал на родителите на Каја дека неговите намери се чесни, до дека таа е сепак премлада и не треба да брзаат.
Не е првппат Синди и Ренде да се мешаат во љубовниот живот на Каја.
Кога имаше 18 години, манекенката беше во врска со контроверзниот комичар Пит Дејвидсон.
Тие раскинаа кратко по почетокот на врската, а на инсистирање на нејзините родители.
А. Ј. | Црнобело